Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ќе ги пропушти следните две пријателски средби за својата репрезентацијата против Ел Салвадор и против Костарика, кои се играат на 22. и на 26. март во САД.
Аргентинската ѕвезда има мала повреда, и нема да биде со својата селекција, но ќе се приклучи на своите соиграчи во Филаделфија, само како морална поддршка. Аргентинскиот селектор Лионел Скалони веќе го повика Гвидо Родригез од Бетис.
Поради повреди освен Меси, отсуствуваат и Пауло Дибала и Маркос Сенези.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

