Меси: Ова е моето последно Светско првенство

Лео Меси го игра своето последно Светско првенство. Во Катар легендарниот фудбалер ќе настапи со 35 години и за него тоа ќе биде последната шанса да стигне до трофејот кој недостасува од неговите витрини.

Говорејќи за медиумите тој потврди дека за последен пат ќе заигра на Мундијалот, но не знае што ќе се случува во иднина.

„Ова е моето последно Светско првенство. Имам трема и едвај чекам да започне. Сите натпревари ќе бидат тешки и таму не победува фаворитот. Не знам дали сме кандидати за трофејот, но Аргентина секогаш треба да се земе во обѕир со оглед на минатото. Не сме главен фаворит има и подобри тимови од нас“, вели Меси кој потоа одговараше и на прашање за крај на неговата играчка кариера

„Не размислувам за тоа што го постигнав, секогаш размислувам за тоа што следи. Не сакам да бидам тренер, но ете и Зидан говореше исто. Го сакам спортскиот менаџмент, но сеуште не сум сто отстотно сигурен што ќе биде понатаму“.

Меси досега одигра 164 натпревари за Аргентина, а постигна 90 голови. Претходната година го предводеше тимот до долгопосакуваниот трофеј во Копа Америка, а дали овој пат ќе го предводи и до врвот на светот останува да видиме.

Се вчитува...