Меси по четири години на прес – Поразот од Ливерпул се уште ме прогонува

Барселона ја очекува финалето од Купот на кралот во кој се среќаваат со Валенсија. На прес-конференцијата пред финалниот меч присутен беше и Лионел Меси, кој се појави првпат по четири години на конференциите организирани за новинарите. Тој пред мечот со Валенсија беше запрашан и за неверојатната елиминација од Ливерпул и како се чувствува по поразот.

„Јас на никој не му ветив дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Реков само дека ќе направиме се што е во наша моќ. Во возвратниот натпревар против Ливерпул не покажавме ништо и затоа им се извинувам на навивачите. Поразот се уште ме прогонува и цело време размислувам за него. Затоа сакам да го освоиме купот и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Меси. 

Финалниот меч од Копа дел Реј ќе се игра утре на „Бенито Виљамарин“ во Севиља, со почеток во 21 часот.

Се вчитува...