Барселона минатат сезона беше на пат да го освои трофејот во Лигата на шампионите, но на крајот сезоната заврши со големо разочарување по поразот од Ливерпул во полуфиналето во елитното натпреварување.
Барса во полуфиналниот двомеч во првиот натпревар на „Камп ноу“ славеше со 3-0, додека на „Енфилд“ загуби со неверојатни 4-0. Катастрофалниот пораз го погоди и Лионел Меси, кој веднаш по мечот контактирал со Нејмар, молејќи го да се врати во Каталонија.
„Само заедно можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Те молам врати се. Јас ќе играм уште две сезони, па потоа ти ќе бидеш прва ѕвезда на клубот“, изјави Меси.
Од Барселона потврдија дека се уште не се откажале од повторно ангажирање на Бразилецот и дека во следниот летен преоден рок повторно ќе тргнат во офанзива по Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА