Меси полуде и фати за врат противнички играч: Младите треба да научат како да се однесуваат…

Аргентина загуби на домашен терен од Уругвај, а мечот покрај немоќта на светските шампиони во нападот го одбележа и инцидентот во второто полувреме кога Лео Меси ги загуби нервите и тргна да се пресмета физички со еден гостински фудбалер.

Матијас Оливеира најпрвин влезе во конфликт со Родриго де Пол, потоа ги испровоцира и останатите аргентински фудбалери, а најжестоко реагираше Меси, кој го фати за врат противничкиот играч.

„Подобро да не го кажам она што навистина го мислам за инцидентот: Ќе речам само… младите мора да научат да ги почитуваат повозрасните“, порача Меси по натпреварот.

 

Се вчитува...