Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси вечерва стигна до голем јубилеј, постигнувајќи го стотиот гол во групната фаза од Лигата на шампионите во својата кариера. Тој двапати го надмудри Тибо Куртоа и успеа да стигне до „стотка“. Меси е вториот играч во историјата кој успеал да стигне до вакво остварување по Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
Меси прв стигна до 100 погодоци во европските купови, откако на 18 октомври 2017 година погоди против Олимпијакос, со оглед дека има и три гола во УЕФА Суперкупот.
Роналдо стигна до „стотка“ на мечот против Пари Сен Жермен на 14.февруари, а голгетерската трка меѓу двајцата големи ривали продолжува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА