Меси потврди: Одбив доживотен договор со Барселона, не сакам да се врзувам на таков начин

Лионел Меси потврди дека добил понуда од Барселона за договор со клубот до крајот на играчката кариера, но сето тоа го одбил. Актуелниот негов договор со каталонскиот тим е уште две години, но во Барселона се сигурни дека аргентинскиот ас може да игра на највисоко ниво и по СП 2022.

„Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но им кажав дека не сакам договор кој ме врзува на таков начин. Сакам само да сум здрав и да продолжам да игра, и натаму да се борам за голови во Барселона. Можам во Барселона да бидам доживотно, но не со договор“ – вели Меси.

Аргентинецот потврди уште еднаш дека сакал да ја напушти Барселона откако се појавиле проблемите со шпанските власти поради данокот, но останал на „Ноу Камп“ затоа што немало понуди од други клубови.

„Тогаш сакав да заминам. Не сакав да ја напуштам Барселона, но сакав да ја напуштам Шпанија. Чувствував дека со мене не се постапува на соодветен начин. Но, никогаш не добив официјална понуда од некој клуб затоа што клубовите некако знаат дека ја сакам Барселона“ – вели Меси.

Се вчитува...