Меси пред Роналдо и Нејмар – „Гардијан“ ги избра најдобрите за 2017

Кристијано Роналдо освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид во 2017 година, ги доби и индивидуалните награди „The Best“ и „Златната топка“, но мораше да се задоволи само со второто место во изборот што го организираше весникот „Гардијан“.

Во ова гласање учествуваа 169 фудбалски експерти од 63 земји, меѓу кои и Роналдо, Креспо, Занети… а од вкупниот број на гласови најмногу освои Лионел Меси. Португалецот Кристијано Роналдо го освои само второто место, пред Нејмар, Кевин де Бруине, Хари Кејн, Лука Модриќ, Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Тони Крос и Еден Азар.

Се вчитува...