Меси пред суспензија од две години!

На Лионел Меси му се заканува суспензија во времетраење од две години поради жестоките коментари и критики што најдобриот аргентински фудбалер ги упати кон организаторите на Копа Америка. Тој изјави дека не сака да биде дел од „корупција“, осврнувајќи се на судискиот грабеж во полуфиналето со Бразил, како и на незаслужениот црвен картон заработен за време на „малото финале“ против Чиле.

Челниците на КОНМЕБОЛ му одговорија со соопштение, потсетувајќи дека во духот на ферплејот е да се однесува професионално и при порази и при победи, но сега пред „дисциплинците“ е нов предизвик – да покренат истрага и да му изречат казна на најдобриот јужноамерикански фудбалер.

Согласно правилникот за работа на КОНМЕБОЛ, за критики кон судии, официјални лица и кон раководството на оваа организација се предвидени суспензии, и тоа во висина од најмногу две години. Со оглед на фактот дека Меси во три дена искритикува се што можеше на Копа Америка, јасно е дека заслужува и ригорозна казна, која би можела да значи и пропуштање на Копа Америка 2020 што ќе се одржи во Аргентина и Колумбија, како и дел од квалификациите за СП 2022.

Се вчитува...