Меси пристигна во Мајами и веднаш предизвика еуфорија (ВИДЕО)

Лионел Меси со своето семејство пристигнаа во Мајами каде деновиве го очекува официјалната промоција во својот нов клуб, Интер Мајами.

Аргентинецот одлучи да го напушти ПСЖ продолжувајќи ја кариерата во американската МЛС лига.

Пристигнувањето на Меси во Мајами веднаш предизвика вистинска еуфорија низ улиците на градот. Сосема е јасно дека Мајами во иднина ќе живее во знакот на Лионел Меси.

Аргентинскиот репрезентативец треба да потпиша двеиполгодишен договор со Мајами за 60 милиони долари по сезона.

Се вчитува...