Лео Меси си ги исполни и најлудите соништа станувајќи најдобар фудбалер во историјата на овој спорт, но Аргентинецот останува скромен во своите ставови, настојувајќи самиот да говори за проблемите и пропустите што ги имал, за поука на оние кои го гледаат како идол и фудбалски Бог.
Така, аргентинскиот генијалец како еден од главните пропусти во детството го потенцираше – неучењето на англиски јазик, што потоа му создало време на почетоците од кариерата.
„Ако има нешто што жалам од периодот на детството, тоа е што не научив да зборувам англиски. Во последната година во Аргентина знаев дека ќе си заминам, но не сторив ништо, да се подготвам за Европа. Можев да учам англиски како дете, но не го направив тоа. Им го зборувам тоа на моите деца денеска, дека мора да си спремен, да зборуваш што повеќе јазици. Образованието е исклучително важно… моите деца ќе имаат можности, но мора да бидат добро школувани за да знаат да ги препознаат шансите што ќе им се укажат“, истакнува Лео Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

