Меси признава: Не ми беше сеедно кога Роналдо ми го стигна рекордот

Ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги одбележа последните десетина години од светскиот фудбал, а Аргентинецот повторно е пред својот голем ривал откако стигна до шестата „Златна топка“ во кариерата, една повеќе од португалскиот голгетер.

Меси во интервју за „Франс Фудбал“ проговори за периодот кога неговиот рекорд од пет вакви признанија бил стигнал од страна на Кристијано.

„Убаво беше чувството кога имав пет, но кога бев единствен. Кога Роналдо ја освои петтата „Златна топка“, морам да признаам дека ме болеше, не ми беше сеедно. Беше јасно дека веќе не сум сам на врвот, но морам да кажам дека Кристијано апсолутно го заслужи тоа признание“ – истакна Меси.

Се вчитува...