Лионел Меси продолжува да испишува фудбалска историја достигнувајќи ја неверојатната бројка од 890 постигнати голови во кариерата. До оваа бројка стигна на натпреварот против Нешвил во разигрувањето за титула во МЛС лигата.
Со овој гол постигнат на 38 години и 122 денови го престигна својот најголем ривал Кристијано Роналдо како најмлад фудбалер во историјата кој стигнал до овој успех.
Кристијано Роналдо го оствари истиот на 39 години и 89 денови, но и по 1220 одиграни натпревари, за разлика од 1131 настап на Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

