Лионел Меси го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ со гол во последните моменти, решавајќи го „Ел Класико“ во корист на Барселона (2-3). По ова следеше интересна радост, покажувајќи им го дресот со своето име на фановите на Реал Мадрид. Тоа беше доволна причина за новинарите во Шпанија да го прашаат Аргентинецот, дали има фудбалер на кого му го побарал дресот по завршувањето на еден меч. Обично, другите фудбалери го бараат дресот на Меси за спомен…
Одговорот е многу интересен. Има само еден фудбалер, на кого Меси му го побарал дресот.
„Не правам иницијатива за менување на дресот во текот на натпреварот. Имам побарано дрес само од еден фудбалер. Тоа е Зинедин Зидан, од Реал Мадрид“, изјави Лионел Меси.
Аргентинецот ја почна својата кариера во првиот тим на Барселона во сезоната 2004/05, а тоа беше последна на Зинедин Зидан во Реал Мадрид, пред неговото откажување од активно играње во 2006 година.
„Доколку има Аргентинец на теренот во противничкиот тим, најчесто тоа го правам со сонародникот. Доколку не, со фудбалерот што ќе побара да ги замениме дресовите“, истакна аргентинскиот ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА