Меси се обрати пред почетокот на ждрепката за СП 2026

Лионел Меси изјави дека Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико ќе биде „нешто посебно“ и дека очекува турнир што ќе го подигне фудбалот на уште повисоко ниво.

Аргентинецот игра за Интер Мајами во МЛС две и пол години, па одблизу гледа како спортот на северноамериканско тло расте и добива сè поголемо внимание.

„Иако веќе го знаев тоа, особено кога станува збор за Мексико, сепак бев малку повеќе изненаден од страста што постои за фудбалот во САД и Канада. Верувам дека во последните неколку години, според мене, или можеби затоа што не знаев толку многу за тоа претходно, има раст и голема промена во бројот на навивачи кои ја сакаат оваа игра, уживаат во спектаклот, се страствени, имаат многу емоции за своите клубови и каде што фудбалот навистина се живее пред сè“, рече Меси.

Се вчитува...