Меси за конфликтот со Левандовски: Се што ќе се случи на теренот, останува таму

Репрезентацијата на Аргентина ја совлада Полска со 2-0 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. Она што го привлече вниманието на фудбалските фанови ширум светот е односот меѓу Меси и Левандовски за време на натпреварот.

Меси наводно ја одбил пружената рака од Полјакот по првото полувреме, но во меѓувреме страстите се смирија, па по крајот на мечот гореспоменатите фудбалери имале разговор, но со рацете на уста за никој да не дознае за што зборуваат.

„Разговорот со Левандовски? Ме научија дека се што се случува на теренот останува таму. Истата ситуација е и во соблекувалната. Нема да слушнете ништо лошо од мене“, изјави Меси. 

Се вчитува...