Барселона е максимална резултатски од почетокот на сезоната и во тој поглед нема простор за нервоза, но, сепак, Лионел Меси имал караница со новиот тренер Ернесто Валверде. Тој застанал во одбрана на напаѓачот Луис Суарез, кој е негов голем пријател, откако Валверде сакал да го тргне од тимот затоа што има вишок килограми. Планот на тренерот бил Суарез да биде на посебен диетален режим и да ја доведе својата тежина до потребното ниво, а потоа да биде вратен во првиот состав. Но, на ова се спротивставил Меси.
Аргентинецот реагирал енергично, истакнувајќи дека Барселона без Суарез во нападот ќе биде значително послаба во навалната линија, а тоа дополнително ќе ги отежни задачите и на Лионел Меси. Засега ситуацијата е статус кво, а на Ернесто Валверде и не му е многу мудро да оди против ставовите на Меси. Тоа во Барселона на крајот завршува со отказ за тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА