ПСЖ утре ќе го пречека Анже во рамките од францускиот шампионат, меч за кој домаќините ќе бидат посилни за Лео Меси. Аргентинецот подоцна се приклучи на тимот по завршувањето на СП 2022, го пропушти и куп-дуелот со Шатору, но дефинитивно ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар со Анже.
Аргентинецот ќе се најде во стартниот состав и ќе има можност да биде поздравен од навивачите на ПСЖ, за првпат по освоената титула на мундијалот во Катар. Заедно со него во тимот ќе се најде и Бразилецот Нејмар, кој ја одлежа суспензијата по црвениот картон заработен минатата седмица.
Лоша вест за „светците“ е што во тимот ќе го нема Килијан Мбапе, францускиот голгетер не е повреден, туку ќе добие поштеда бидејќи веднаш по СП во Катар се врати на тренинзите во клубот.
Покрај Мбапе, тренерот Галтие нема да смета ниту на десниот бек Ашраф Хакими, кој нема да настапи против Анже поради суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА