Меси се врати „дома“: Душата ми е полна

Лионел Меси, легендата на Барселона се врати на „Камп Ноу“ од каде објави емотивна порака на социјалните мрежи.

Аргентинецот кој го голем успех го носеше каталонскиот дрес објави фотографија од тревникот на стадионот и го напиша следното:

„Синоќа се вратив на местото што мојата душа најмногу го сака. Местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте најсреќниот човек на светот. Се надевам дека еден ден ќе се вратам, а не само да се збогувам како играч, бидејќи никогаш не би можел да го направам тоа…“, стои во објавата на Меси.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Се вчитува...