Меси се врати на „Камп ноу“

Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети „Камп ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето, и каде што 38-годишниот Аргентинец доживеа многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона.

Прославениот фудбалер од Росарио ги носеше боите на каталонскиот гигант од 2004 до 2021 година и логично е што неговата „тајна“ посета во неделата навечер беше придружена со емотивна порака.

„Синоќа се вратив на местото што ми недостига во душата. Местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен човек“, напиша Меси на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Се вчитува...