Меси-шоу и рекорд: Фантастично полувреме за нова победа на Аргентина

Лионел Меси ја предводеше Аргентина до убедлива победа од 4-1 над Боливија, резултат со кој „гаучосите“ го запечатија првото место во својата група во Копа Америка. Асот на Барселона одигра фантастично прво полувреме во кое со два гола и една асистенција практично за 45 минути го реши победникот на натпреварот, на кој Меси стана и апсолутен рекордер по бројот на настапи за националниот тим (148), уривајќи го досегашниот рекорд на Хавиер Маскерано.

Тој најпрвин имаше магична асистенција до Папу Гомез за водство на Аргентина, потоа реализирашен пенал за 2-0, а третиот дел беше ремек-дело, погодок со лоб-удар по одличната асистенција на Агуеро. Боливија намали на 3-1, но конечните 4-1 ги постави Лаутаро Мартинез неполни две минути по влегувањето во игра.

Во вториот меч од оваа група Уругвај го совлада Парагвај со 1-0 со голот од пенал на Кавани, со што Уругвајците ја освоија втората позиција.

Се вчитува...