Меси си поигрува со Американците – Влезе во игра во 60. минута и постигна хет-трик (ВИДЕО)

Лионел Меси демонстрира на секој натпревар пред американската и светска јавност дека се уште е во извонредна форма со која може да го воодушевува фудбалскиот свет.

По хет-трикот во дресот на Аргентина, сега хет-трик и за Интер Мајами иако во игра влезе во 58. минута од средбата на која неговиот тим славеше со 6-2.

Во првото полувреме Луис Суарез даде два гола, а еден постигна Кремаски, за да потоа на сцена стапи Меси.

Интер Мајми по мечот го доби и трофејот за победникот за овој дел од сезоната. Регуларната сезона ја завршија на првото место со 74 бодови што е рекорден број во американската МЛС лига.

ФИФА, пак, соопшти дека Интер Мајами ќе биде дел од Светското клупско првенство како домаќин на турнирот.

Се вчитува...