Меси со два нови гола со волеј удар ги освојува Американците (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжува да блеска во дресот на Интер Мајами. Аргентинецот синоќа го носеше својот тим до победа во дербито на Флорида над Орландо со 3-1.

Меси постигна два гола, и двата со убави волеј-удари што го донесе и до насловните страници на американските медиуми каде фудбалот обично е во втор план.

Необично, но Меси не го изведе пеналот на својот тим во 51. минута туку топката ја даде на Џозеф Мартинес. Во спротивно ќе запишеше најверојатно и хет-трик на мечот.

Меси на три натпревари за Интер веќе има пет гола и една асистенција. Интер се пласираше и во осминафиналето на КОНКАКАФ Купот каде ќе игра со уште еден ривал од МЛС лигата – екипата на Далас.

Се вчитува...