Меси со една фотографија урна рекорд на Инстаграм (ФОТО)

Лионел Меси се навикна на уривање рекорди, а покрај тоа што тоа го прави на фудбалските терени, еднакво добро се снаоѓа и надвор од нив. Меси ја водеше Аргентина до трофејот на Копа Америка совладувајќи го во финалниот меч најголемиот ривал Бразил со 1-0 и тоа на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Веднаш по натпреварот тој на Инстаграм објави фотографија на која позира со пехарот од Копа Америка на која доби скоро 20 милиони лајкови, што е рекорд кога се работи за некоја спортска објава на оваа социјална мрежа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Се вчитува...