Тажна вест пристигна вчеравечер од Шпанија откако беше обелоденето дека ќерката на Луис Енрике починала губејќи ја битката со тешката болест.
До Енрике и неговото семејство стигнуваат бројни пораки со сочувство во овие тешки моменти, а една од нив е и Лионел Меси кој му порача на Енрике да биде силен во овие моменти.
„Мое сочувство до Луис Енрике и неговата фамилија. Со тебе сме шефе, биди силен во овие моменти“, напиша Меси.
Енрике пред неколку месеци се повлече од селекторската функција поради семејни причини, но во јавноста се криеше точната причина. За жал, вечерва со соопштение од семејството на Енрике беше потврдена страшната вест – деветгодишната Хана по петмесечна борба со тешката болест денеска ја загуби најважната битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА