Лионел Меси следниот месец ќе има шанса да освои уште еден пехар со новиот клуб Интер Мајами, со кого аргентинскиот генијалец рано утрово успеа да се пласира во финалето на Купот на САД, најстарото фудбалско натпреварување од другата страна на Атлантикот кое датира уште од 1913 година.
Во полуфиналето против Синсинати тимот на Интер Мајами се најде на работ на амбисот откако противникот поведе со 2-0. Ова беше прв меч на кој Меси не успеа да постигне гол, но Аргентинецот стигна до две асистенции, од кои особено маестрална беше онаа втората, кога во 97. минута го пронајде Кампана, кој од пет метри со глава го одведе мечот во продолженија.
Интер Мајами имаше водство од 2-3 во дополнителните 30 минути, Синсинати успеа да израмни, но Меси и соиграчите беа посигурни во пенал-рулетот и се пласираа во големото финале.
OTRA ASISTENCIA DE MESSI A CAMPANA PARA EMPATARLE A LOS 97′ AL PUNTERO DE LA MLS pic.twitter.com/gmULeDv8gB
— Messismo (@Messismo10) August 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

