Меси со голчиште го поништи англискиот ВАР пенал за ПСЖ (ВИДЕО)

Одлично прво полувреме на „Паркот на принцовите“ ни приредуваат ПСЖ и Барселона, откако по 40. минути резултатот е 1-1.

Пари Сен Жермен поведе со 1-0 со голот на Килијан Мбапе од пенал во 31. минута. Ленгле направи фаул над Мауро Икарди, по што Ентони Тејлор по ВАР одлучи да досуди на белата точка. Сомнително во ситуацијата е тоа што и покрај тоа што имаше контакт меѓу Ленгле и Икарди, како и на вчерашниот меч меѓу Борусија Дортмунд и Севилја, аргентинскиот напаѓач немаше никакви шанси прв да стигне до топката пред Тер Штеген.

Сепак, брзо следеше одговор од Лео Меси кој со голчиште успеа да израмни на 1-1.

Се вчитува...