Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“, а за разлика од претходната што ја зеде убедливо, сега многумина беа незадоволни што Аргентинецот повторно беше прогласен за најдобар на светот. Сепак, и покрај неговудвањата, Лионел Меси одлучил да приреди голема забава по повод прославата на освојувањето на „Златната топка“, а на неа беа сите играчи на ПСЖ освен Мауро Икарди!
Икарди морал да остане дома бидејќи Аргентинците од редовите на ПСЖ не се во добри односи со неговата сопруга. Мауро му честиташе на Меси преку социјалните мрежи, додека сите останати играчи со сопругите биле на прославата во станот на Меси во Париз.
Се наведува дека неколку играчи на ПСЖ, меѓу кои и Леандро Паредес, не разговараат со Ванда и дека таа е вознемирувачки фактор до кој не сакаат да се приближат.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

