Меси со маестрален погодок, но прекината е серијата на Интер Мајами

Лео Меси се врати со гол во стартниот тим на Интер Мајами откако го пропушти последниот дуел со Ванкувер, но ниту одличното издание на Аргентинецот не можеше да му помогне на тимот од Флорида да ја продолжи успешната серија од десет меча без пораз.

Интер рано утрово беше домаќин на Атланта јунајтед, но Меси и соиграчите не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, губејќи на свој терен со 1-3.

Атланта поведе со 0-2, а потоа следеше момент на генијалност на Меси, кој со прецизен удар од дваесетина метри ја преполови негативата на својот тим. Интер Мајами сепк не успеа да се врати бидејќи гостите постигнаа уште еден гол пред крајот и стигнаа до заслужен триумф.

И покрај денешниот пораз, тимот на Меси се наоѓа на врвот на Источната конференција oткако главниот ривал Синсинати исто така загуби, на дуекот со Нешвил со 0-2.

Се вчитува...