Диего Армандо Марадона се уште се опоравува по тешката операција на мозокот што синоќа беше извршена врз аргентинската фудбалска легенда. Лекарите се задоволни по хируршкиот зафат, оптимисти дека Марадона ќе успее целосно да се рехабилитира, а до големиот ас стигнуваат пораки со поддршка од сите страни.
Меѓу нив, се издвојува онаа на Лионел Меси, што Аргентинецот ја упати до својот сонародник неколку часа пред дуелот меѓу Барселона и Динамо Киев.
„Диего, ти ја посакувам сета сила на овој свет. Јас и моето семејство сакаме што поскоро да те видиме здрав. Од срце голема прегратка“, напиша Меси на својот инстаграм-профил, објавувајќи заедничка фотографија со Марадона.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА