Меси со семејството дојде по најновата „Златна топка“ во колекцијата (ФОТО+ВИДЕО)

Сите погледи на светската фудбалска јавност вечерва се насочени кон гламурозната манифестација на доделување на „Златната топка“ во Париз. Главниот претендент за наградата, аргентинскиот генијалец Лионел Меси пристигна со семејството, придружуван и од голем дел од соиграчите од Барселона и претседателот Хозеп Бартомеу.

Во тесна конкуренција е и дефанзивецот на европскиот првак Ливерпул, Вирџил ван Дајк, а Кристијано Роналдо речиси сигурно нема да се појави во градот на светлината, со оглед дека знае дека тој не е добитникот на престижното признание.

Се вчитува...