Меси со солзи во очите: Сонував за ова… (ВИДЕО)

Лео Меси долго ќе ја помни изминатата ноќ во Буенос Аирес каде со хет-трик ги предводеше „гаучосите“ до победа над Боливија, со кој го престигна и легендарниот Пеле на листата на постигнати гола за јужноамериканските репрезенции и се искачи на врвот.

Покрај тоа Аргентинците на овој меч со своите навивачи го прославија и трофејот во Копа Америка, а Меси уште еднаш покажа колку му значи овој трофеј. Аргентинецот се расплака при прославата и интервјуто по натпреварот.

„Тоа е тоа. Сонував за нова. По толку години чекање… Нема подобро место за прослава. Мајка ми е тука, брат ми… Сите патуваа долго, а сега славиме. Пресреќен сум“, изјави низ солзи фудбалскиот ас.

Се вчитува...