Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако во четвртфиналната пресметка синоќа славеше против Венецуела со 2-0. Па сега Аргентинците ги чека големата пресметка со Бразил.
Капитенот Лионел Меси по синоќешниот дуел изјави дека најдоброто од нив следува на последните два натпревари, но искажа и разочараноста од изгледот на терените на кој се игра Копа Америка.
„Сите се бориме со една цел, да бидеме најдобри на овој шампионат, но и тешко е да се игра тука. Голема срамота е едно вакво натпреварување да се игра на вака очајно лоши терени“ – рече Меси, притоа осврнувајќи се на тоа што ги чека со Бразил.
„Тешко е да се каже кој е фаворит. Ние веќе се чувствуваме како вистински тим кој знае што сака. Сите одлично се согласуваме. Многу добро знаеме каква репрезентација е Бразил. Носиме огромна почит за нив, но ние се надеваме на финале“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА