Интер Мајами го победи Њујорк Сити со 5-1 во финалето на Источната конференција на МЛС. Беше вечер на јужноамериканците. Аргентинецот Тадео Аљенде постигна хет-трик, неговиот сонародник Матео Силвети постигна еден, а еден беше дело на Теласко Сеговија од Венецуела, додека Џастик Хак го постигна утешниот гол за Сити.
Сепак, главна ѕвезда на вечерта беше еден од најдобрите фудбалери во историјата Лионел Меси, кој стана најдобриот асистент во историјата на фудбалот. Во 67. минута Меси несебично додаде до Силвети, неговиот 19 години помлад сонародник, кој пристигна во Мајами од матичниот клуб на Меси, Њуелс олд Бојс.
Така Меси стигна до својата 405-та асистенција во кариерата, една повеќе од легендарниот Ференц Пушкаш. Меси во кариерата има 896 гола во 1136-тиот нтпервар во кариерата, или импресивни 1301 голови и асистенции вкупно.
Меси е веќе најтрофејниот играч во историјата на фудбалот, а сега е во потрага по својот 47-ми трофеј во блескавата кариера.
Интер Мајами во финалето ќе се сретне против Ванкувер во сабота на 6. декември.
Messi dishes, Silvetti finishes. A goal made in Rosario. 🇦🇷@InterMiamiCF // Audi MLS Cup Playoffs pic.twitter.com/MkXTm0LTmY
— Major League Soccer (@MLS) November 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

