Интер Мајами го одигра првиот натпревар на новиот „Ну Стадион“, чија изградба одамна ја најави Дејвид Бекам, а натпреварот од МЛС првенството против Остин заврши со 2-2.
Бразилецот Гилерме Биро ќе биде запаметен како стрелец на првиот гол бидејќи им донесе водство на гостите во шестата минута, но израмнувањето се случи многу брзо (1-1), откако легендарниот Лионел Меси стрелаше со глава.
Првиот гол што домашната публика го прослави на новиот стадион со капацитет од 26.000 седишта, беше со глава што потсети на голот на 170 центиметри високиот Аргентинец во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед кога ја предводеше Барселона до трофејот во Рим во 2009 година.
It was ALWAYS going to be him. 💥
Leo Messi scores Miami’s first goal at Nu Stadium and pulls the hosts level! pic.twitter.com/p1mDk5NQk2
— Major League Soccer (@MLS) April 5, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

