Аргентина ќе биде значително ослабена за претстојните квалификациски натпревари против Бразил и Уругвај откако Лео Меси поради повреда мораше да го откаже настапот во мартовските квалификации.
Меси настапи на последните средби на Интер Мајами, но токму по последниот дуел на клупски план се пожали на болка во мускулот, поради што ќе мора да паузира најмалку петнаесетина дена од терените.
„Тажен сум што ќе пропуштам две многу важни средби за нас против селекциите на Уругвај и Бразил. Сакав да играм, повредата не е премногу сериозна но секако ќе морам да мирувам за да не се случи нешто потешко. Сепак, ќе го поддржувам нашиот национален тим како и секој друг навивач. Напред Аргентина“, порача Лео Меси.
Аргентина моментно е лидер во квалификациите во Јужна Америка со пет бода предност во однос на второпласираниот Уругвај. Бразил моментно се наоѓа на седмат апозиција со седум бодови заостанување во однос на „гаучосите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА