Меси урна светски рекорд што беше сопственост на Роналдо

Ривалството меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо продолжува и кога двајцата играат на илјадници километри еден од друг, Аргентинецот во американскатА МЛС-лига, додека португалската „ѕвезда“ како дел од шампионатот на Саудиска Арабија.

Меси одигра уште еден феноменален меч за Интер мајами против Њујорк ред булс, а токму двата гола што аргентинскиот генијалец ги постигна на овој натпревар придонесоа тој да урне нов рекорд во светскиот фудбал што досега беше сопственост на Кристијано Роналдо. Имено, педантните статистичари пресметаа дека ова е вкупно 764. гол на Меси што не е постигнат од пенал, со што тој во оваа категорија има еден погодок повеќе во однос на Кристијано.

Мора да се истакне, Португалецот се уште води во вкупните бројки, тој има 938 погодоци во кариерата, додека Меси досега има 865.

Лео Меси игра одлично сезонава во МЛС-лигата, постигнувајќи 18 гола и 7 асистенции на досегашните 18 одиграни средби за Интер Мајами, со што е најзаслужен што овој тим се наоѓа во зоната за пласман во плејофот.

Се вчитува...