Лионел Меси ги избриша сите негови фотографии заедно со Бразилецот Нејмар од социјалните мрежи. Сето тоа, според поголемиот дел светски медиуми, само како навестување за заминувањето на Нејмар од Барселона.
Изминативе денови интензивно се шпекулира дека Нејмар веќе се договорил со ПСЖ, а се чини дека овој трансфер е многу блиску до реализација. Меси веројатно лут на него ги избриша сите фотографии со него, а остави само една од 2013 година.
Од друга страна, пак, Нејмар само во последните три месеци постави пет фотографии со Меси на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА