Барселона во драматичен натпревар славеше на гостувањето против Бетис со 2-3, врзувајќи шест победи во низа во Ла Лига и потврдувајќи го растот во формата во пресрет на клучниот дел од сезоната. Роналд Куман изненади оставајќи го Меси на клупата од почетокот на овој меч, а тоа му се одмазди откако Бетис прв дојде до предност, четврти меч во низа на кој Барса прва прима гола.
Аргентинецот влезе во игра во второто полувреме и само две минути подоцна биеше прецизно за израмнување, а каталонскиот гигант направи пресврт со автоголот на Руиз, по едно епско промашување на Гризман кое сепак се покажа среќно за Барса. Токму трагичарот Руиз погоди на спротивната страна со глава вадејќи се за несреќниот автогол, по што Барса тргна во целосна офанзива во последните петнаесет минути.
Ваквиот пристап вроди со плод, а херој беше Португалецот Тринкао, кој погоди со помош на гредата, негов прв гол во дресот на Барса по летниот трансфер од редовите на Брага.
Betis 2-3 Barcelona – ALL GOALS ?⚽?pic.twitter.com/UodE7rrX1c
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

