Меси: Во Барса играв со многу ѕвезди, но имав стравопочит само кон еден голем ас…

Лионел Меси ќе остане запаметен како најдобар фудбалер во историјата на Барселона, но аргентинскиот генијалец во разговорите со медиумите не заборава да ги спомене легендите со кои имал чест да ја дели соблекувалната на „Камп Ноу“.

Во интервју во татковината Меси обелодени дека тој имал стравопочит од само една фудбалска мегаѕвезда што му била соиграч – Французинот Тиери Анри.

„Ги почитував и се уште ги почитувам сите големи шампиони кои беа во Барса, од Роналдињо, преку Ето до Пујол, да не ги заборавам Чави и Иниеста, кои беа помлади од овие великани. Сепак, стравопочит имав само од еден играч – тоа беше Анри. Знаев се за него, што се има направено во Англија – и одеднаш беше тука пред мене, дел од Барселона. Секогаш сум му се воодушевувал, првиот ден кога дојде во Барса немав храброст да го погледнам во очи. Ми беше чест што го имам за соиграч, Анри играше со толкава едноставност и ги правеше тешките работи на теренот толку лесни“, изјави Меси.

Се вчитува...