Лионел Меси во Мајами во следниот период би можел да добие големо засилување. Аргентинецот наводно „лобира“ во тимот да му се донесе хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ. Меси и Ракитиќ со успех заедно играа во Барселона во минатото, и токму од тука овој тандем може повторно да биде споен.
Ракитиќ во моментов е дел од Севилја, која сака да му понуди нов договор, но проблем е што сака да му ја намали и платата. Тоа сака да го искористи Интер Мајами и да го земе во своите редови.
Овој тим веќе го договорил трансферот на Луис Суарез, уште еден екс играч на Барселона. Сопственикот на овој тим Дејвид Бекам во блиското минато беше заинтересиран и за Лука Модриќ, меѓутоа тој се реши да остане во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА