Лионел Меси ја води Аргентина до ново финале на Светските првенства, откако синоќа во првото полуфинале „гаучосите“ славеа над Хрватска со 3-0.
Доцна во ноќта по завршувањето на полуфиналниот меч, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси за шпанска „Марка“ изјави дека во недела ќе биде неговиот последен меч во дресот на Аргентина.
„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Мундијал. Неверојатно е ова што се случува. Во недела ќе игра најдобро што можам. Уживам и се чувствувам подготвен за мечот. Добро се подготвивме и за Хрватска, која знаевме како игра и ги искористивме нејзините слабости“, вели Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА