Меси во понеделник доаѓа во Париз, се знае што значи тоа…

Лионел Меси на почетокот од следната седмица ќе се врати во Европа, и тоа токму во Париз, неколку месеци откако како слободен играч го напушти ПСЖ и реши кареирата да ја продолжи во САД.

Аргентинскиот генијалец ќе биде присутен на доделувањето на „Златната топка“, што е само уште една најава дека големото признание ќе заврши во негови раце.

„Меси доби порака, во понеделник навечер да биде во Париз и да го подготви свеченото одело. Се знае што значи тоа… дека е сигурно ќе по осми пат ќе ја освои Златната топка“, објави добро упатениот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Тоа ќе биде осма „Златна топка“ во кариерата на Аргентинецот, уште еден доказ за доминацијата во однос на Кристијано Роналдо, кој има пет вакви индивидуални признанија во својата кариера.

Главен адут на Меси во оваа трка е освојувањето на мундијалскиот пехар на СП 2022 во Катар. Негов главен ривал е Ерлинг Халанд, кој го предводеше Манчестер Сити до тројна круна, притоа постигнувајќи 52 погодоци.

Се вчитува...