Меси, во стилот на Роналдо, за победа на Аргентина, драматичен триумф и на Уругвај (ВИДЕО)

Аргентина предводена од Лионел Меси стартуваше со победа во квалификациите за Светското првенство славејќи со 1-0 против Еквадор.

Единствениот погодок беше уште на почетокот од мечот. Меси го одлучи победникот, и тоа во стилот на Роналдо, со сигурно изведен пенал во 13. минута.

Домашна победа запиша и Уругвај и тоа на драматичен начин. Во Монтевидео гостуваше Чиле, а победникот беше одлучен во судиското продолжение. Уругвај водеше со голот на Луис Суарез од пенал, за гостите израмни Алексис Санчез за да во последните моменти Максимилијано Гомез со одличен гол донесе победа за Уругвај.

Најмногу голови имаше на мечот Парагвај – Перу. На крајот заврши без победник (2-2), а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Се вчитува...