Барселона бара ново засилување на стоперската линија, а идеалниот фудбалер го гледа во Лисандро Мартинез, Аргентинецот кој настапува за Манчестер Јунајтед.
Каталонското раководство верува дека Мартинез е идеалниот фудбалер за во Шпанија со оглед на борбениот дух па за реализација на овој трансфер помош побарал и од својата легенда, Лионел Меси.
Меси и Мартинез негуваат одличен однос, заедно го освоија Светското првенство, па Барселона се надева дека преку легендата ќе го убеди 28-годишникот да издејствува трансфер од Манчестер Јунајтед.
Договорот на Мартинез и „црвените ѓаволи“ е со важност до 2027 година па доколку неговата желба е промена на клубот и Манчестер Јунајтед ќе биде приморан да го продаде со цел заработка од фудбалер за кој издвои речиси 60 милиони евра во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

