Меси за малку трагичар, но Мартинез го „спаси“ за полуфинале на Аргентина (ВИДЕО)

Драматично четвртфинале одиграа Аргентина и незгодниот Еквардар на Копа Америка во кое Аргентинците славеа дури по изведувањето на пеналите со 4-2.

Регуларниот дел од мечот заврши 1-1, откако Аргентина поведе во 35. минута со голот на Лисандро Мартинез, но Еквадор израмни во втората минута од судиското продолжение со голот на Кевин Родригез, и донесе пенали.

А, во пенал-рулетот Лионел Меси за малку ќе беше трагичар за својот тим. Во првата серија сакаше да реализира со паненка, но ја погоди само пречката. Но, по тоа негово промашување го „спаси“ Емилијано Мартинез кој ги одбрани пеналите на Анхел Мена и Алан Минда, за на крај победа на Аргентинците.

Аргентина во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Венецуела и Канада.

Се вчитува...