Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел изјави дека нема проблем со својот клупски соиграч Килијан Мбапе.
Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство во Катар во декември, а Меси вели дека тоа не го нарушило неговиот однос со Мбапе.
„Разговаравме за играта, за тоа како луѓето во Аргентина славеа во тие денови, за тоа како бев на одмор и сите тие прослави. И ништо повеќе од се што е добро“, рече Меси.
Тој рече дека не сака премногу да зборува за тоа што се случило, бидејќи вели дека му било слично во 2014 година откако го загуби финалето на Светското првенство од Германија.
„И јас бев на губитничката страна. Го загубив финалето на Светското првенство и не сакав да зборувам за тоа што се случи. Не сакав да зборува за ништо што има врска со Светското првенство. Затоа и сега не сакам да зборувам за тоа. Вистина е дека немам проблем со Килијан, токму спротивното“, заклучи Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА