Меси: Гвардиола е најдобар тренер – не го менува само тимот, туку стилот на игра во целата лига

Аргентинската ѕвезда и член на Интер Мајами, Лионел Меси ги сподели своите спомени од соработката со Пеп Гвардиола. Меси го фали Гвардиола, велејќи дека е најдобриот тренер на денешницата.

За Пеп вели дека е уникатен тренер, кој не само што го менува стилот на својот тим, туку и на останатите екипи во првенството.

„Се сретнавме еднаш, не го познавав, и немавме никаква врска се додека не стана главен тренер. Има добри тренери, но тој е посебен. За мене најдобар тренер. Има нешто заедничко со селекорот Скалони, но за мене Пеп е најдобриот. Имавме среќа што бевме заедно во Барселона. Ги знаеше сите потребни елементи да го постигне она што го посакуваше. Потоа се пресели во друг клуб, но продолжи да победува. Тој постигна се во Баерн, исто и во Сити. Иако не ја освои ЛШ со Баерн, сепак, го промени стилот на игра во Германија, каде беа навикнати на поинаков стил. Во Англија истото. Не го менува само стилот на тимот, туку на целата лига. Имавме одличен однос уште од самиот почеток. Научив од него многу“, рече Меси.

Се вчитува...