Меси за ривалството со Роналдо: Беше прекрасно!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе останат запаметени како едни од најдобрите кои некогаш играле фудбал. Нивната борба во Ла Лига траеше со години, а Аргентинецот говореше за споменатото ривалство.

Во интервјуто дадено за официјалната веб-страница на наградата „Златна топка“, Меси истакна како ривалството со Роналдо влијаело врз двајцата.

„Против него, секогаш беше голема борба. Спортски, беше прекрасно. Се туркавме еден со друг да бидеме подобри бидејќи и двајцата сме исклучително конкурентни. Тој секогаш сакаше да освои се, а исто така и јас. Тоа беше прекрасно време за нас, како и за луѓето кои го сакаат фудбалот“, изјави Меси. 

Се вчитува...