Меси за само седум поени подобар од Ван Дајк за „Златната топка“

Аргентинскиот генијалец Лионел Меси синоќа ја доби шестата „Златна топка“ во кариерата. Но, „битката“ со Вирџил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул, била навистина тесна. Меси за само седум гласа победил во изборот за најдобар светски фудбалер што го организира „Франс фудбал“.

На крајот, Лионел Меси добил 686 поени од гласовите на новинарите од 180 земји во светот, а Ван Дајк останал покус за само седум поени. Зад неговото име имаше 689 поени.

Сепак, Ван Дајк не е разочаран и со втората позиција во изборот за „Златната топка“.

„Ќе беше можеби неприродно да бидам во изборот пред Меси“, истакна одбранбениот фудбалер на Ливерпул.

Третото место во изборот му припадна на Кристијано Роналдо со 476 поени, но Португалецот воопшто не се појави на гала вечерта во Париз. Четвртата позиција му припадна на Садио Мане (347 поени), а петти беше Мохамед Салах (178 поени).

Се вчитува...